Трамп го критикуваше Бајден за помилувањето на синот Хантер

2.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп го критикуваше Бајден за помилувањето на синот Хантер

Во првата реакција по одлуката на Бајден, Трамп се огласи на социјалната мрежа „Truth Social“ и го спореди потегот со одлуката во која демонстрантите кои учествуваа во немирите на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година беа осудени на неколку години затвор.

-Дали помилувањето на Џо за Хантер ги вклучува и заложниците Ј-6 (6 јануари) кои сега се во затвор со години? Каква злоупотреба и потфрлање на правдата!, објави Трамп.

Слична реакција имаше и неговиот син Доналд Трамп Помладиот.

-Сите знаеја дека ќе го направи тоа. Тој само сакаше да ја донесе таа одлука во време кога тоа веќе не претставува можна последица за демократите, рече Трамп Помладиот.

Потегот на Бајден го коментираше и портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг.

-Тој правосуден систем мора да се поправи, а процесите да станат валидни. Токму тоа ќе го направи претседателот Трамп кога ќе се врати во Белата куќа, со огромен мандат од американскиот народ, заклучи тој. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата