Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан

25.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан

„Унгарија: Одете да гласате за Виктор Орбан. Тој е вистински пријател, борец и победник, и има моја целосна и безусловна поддршка за повторниот избор за премиер на Унгарија“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Truth Social“.

Американскиот претседател исто така изјави дека Унгарија и САД достигнуваат „нови врвови во соработката“, поздравувајќи го Орбан како вистински лидер во „борбата против нелегалната имиграција“ и „враќањето на јавниот ред“. 

Според независните анкети, ултраконзервативниот Виктор Орбан кој е на власт во Унгарија од 2010 година, се наоѓа во понеповолна позиција за парламентарни избори на 12 април, на кои се надева да освои петти мандат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата