Трагедија во Тексас-Тригодишно дете уби бебе!

23.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трагедија во Тексас-Тригодишно дете уби бебе!

 Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.

Едно бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол и го повлекол чкрапалото, соопшти полицијата.

Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас. Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.

- Деца на возраст од 3,2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото - рече тој.

Едно од постарите деца посегна по наполнетиот долг пиштол што се наоѓаше на самото задно седиште од возилото и „случајно го повлече чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.

„Ова што го имаме денес овде е ужасна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата