Тинејџер си ги убил родителите и 12 годишниот брат со над 100 убоди со нож, ќе добие „само“ 20 години затвор

27.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тинејџер си ги убил родителите и 12 годишниот брат со над 100 убоди со нож, ќе добие „само“ 20 години затвор

Тинејџерот Рикардо Кјарони, кој имал 17 години во времето на убиството, ги избодел до смрт своите татко, мајка и 12-годишниот брат со над 100 убодни рани, објави „Република“.

Обвинителството побара 20-годишна затворска казна, земајќи ги предвид отежнувачки околности како што се умисла и посебна суровост.

Адвокатот на обвинетиот, кој сега има 18 години, се повика на мислењето на психијатар кој утврдил дека младиот човек живеел помеѓу реалноста и „фантазијата“, и дека во времето на убиството на семејството имал делумно нарушена ментална способност.

Судот за малолетници, исто така, во последните недели утврди дека младиот човек треба да биде упатен на психолошка и психијатриска евалуација, објави „Република“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата