Тежок пораз за Трамп

30.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тежок пораз за Трамп

Трамп ја потпиша оваа наредба на првиот ден од неговото враќање на функцијата во јануари минатата година, кога започна нова кампања против нелегалната имиграција.

Целта на наредбата беше да се одземе американското државјанство на деца родени од родители кои се во САД нелегално или привремено.

Сепак, федералниот суд набрзо ја блокираше нејзината имплементација, сметајќи ја за спротивна на 14-тиот амандман од Уставот на САД, по што случајот стигна до Врховниот суд.

И покрај фактот дека Врховниот суд е составен од мнозинство конзервативни судии, судот денес пресуди против наредбата на Трамп.

Американскиот дописник на Скај њуз, Дејвид Блевинс, оцени дека оваа одлука е „голем пораз“ за Доналд Трамп, бидејќи е една од клучните точки на неговата имиграциска политика.

Според него, Трамп ќе биде „бесен“ поради одлуката, бидејќи со години инсистира на ова прашање.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата