„Темна светлина“: Затвореник егзекутиран со нов метод, јавноста шокирана од последните моменти

11.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Темна светлина“: Затвореник егзекутиран со нов метод, јавноста шокирана од последните моменти

Осуденикот на смртна казна во затвор на југот од Алабама беше прогласен за мртов во 18:26 часот вчера (10 јуни).

Ова беше една од четирите егзекуции закажани оваа недела во САД. Грегори Хант не изговорил ниту една последна реченица додека бил врзан на носилка, со маска со сина рамка на лицето.

Во затвор се нашол откако бил осуден за убиството на 32-годишната Карен Лејн во 1988 година. Двајцата се гледале околу еден месец, по што Хант, според обвинителството, бил обземен од љубомора и провалил во нејзиниот стан.

Таму ја сексуално злоставувал и претепал до смрт, нанесувајќи ѝ 60 повреди, од кои 20 на главата, според тврдењата на обвинителите.

Во 1990 година, поротата го прогласи за виновен за убиство со отежнувачки околности при сексуално злоставување и провала, и со 11 гласа „за“ и 1 „против“ препорача смртна казна.

Роден во 1960 година, Хант беше еден од најдолго затворените осуденици на смрт во Алабама. Тој ја избра азотната гасна егзекуција наместо смртоносна инјекција или електричен стол. Алабама минатата година стана првата сојузна држава што ја користи оваа метода, и досега е спроведена во шест егзекуции во земјата.

Пред да започне протокот на гасот, сведоците виделе како Хант покажува палец нагоре и прави знак за мир со прстите.

Иако точниот момент на почеток на гасот не е целосно утврден, се пријавува дека Хант кратко се затресол, задишал и ја подигнал главата од носилката. Се слушнал и негов стенкање околу 17:59 часот, а нозете му се подигнале (според NBC News).

Со долги паузи меѓу нив, направил околу четири вознемирувачки вдишувања, по што по 18:05 часот не направил повеќе движења.

„Вечерва државата ја спроведе законски изречената казна за Грегори Хант, кој е недвосмислено виновен,“ изјави гувернерката Кеј Ајви.

Минатиот месец, Хант изјави за Associated Press дека пронашол верата додека бил во затвор и дека тоа му помогнало да се „ослободи од отровите и демоните“ во себе.

Објаснувајќи дека се обидува да им помогне на своите затворски другари, додал: „Се обидувам да бидам светлина на темно место, да им покажам на луѓето дека ако јас можам да се променам, можат и тие... да станат луѓе на љубов наместо омраза.“

Хант сам се застапувал пред Врховниот суд на САД, обидувајќи се да ја запре егзекуцијата, тврдејќи дека обвинителите ги довеле поротниците во заблуда за доказите за сексуалното злоставување.

Канцеларијата на јавниот обвинител на Алабама го оцени ова тврдење како неосновано, пренесува Лад Бајбл.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата