Гувернерот на државата Џорџија, Брајан Кемп, во неделата вечерта им изрази сочувство на семејствата на двете жртви кои беа погодени од дрво на терен за голф, пренесува ABC News.
„Тажни сме поради трагичната смрт на две лица од Џорџија поради невремето. Ве молиме придружете ни се во нашите мисли и молитви“, рече Кемп.
Одделот за управување со вонредни состојби во Арканзас потврди дека првата жртва на невремето е 5-годишно момче пронајдено во југозападен дом во Литл Рок, без детали за причината за неговата смрт.
Според извештајот на командата на противпожарната област Бофор-Лесли и извештајот на сообраќајната полиција во Мисури, 16-годишен пожарникар загинал во сообраќајна несреќа во таа држава, на околу 100 километри западно од Сент Луис.
Десет жртви на невремето се пријавени во Тенеси, три во Мисури, две во Кентаки и по една во Индијана и Арканзас.
Предупредувањата за поплави и порои беа на сила во неделата наутро од Луизијана до западна Пенсилванија, а денеска предупредувањето беше проширено и на северна Флорида, Џорџија и Јужна Каролина.
Од неделата, повеќе од 90 торнада се пријавени во најмалку 10 држави, од Канзас до Охајо, според ABC News.