Тело на новороденче е пронајдено во канта за ѓубре во Лондон, уапсени се две лица

12.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тело на новороденче е пронајдено во канта за ѓубре во Лондон, уапсени се две лица

Маж (26) е уапсен на лице место и е осомничен за убиство на бебето, запоставување дете и прикривање на раѓање.

Покрај него, уапсена е уште една жена која е осомничена дека злоставувала дете, пишува Sky news.

Се уште не е позната причината за смртта на новороденото девојче.

Истрагата се уште е во тек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата