Телефонски разговор Остин - Белоусов

26.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Телефонски разговор Остин - Белоусов

Според генерал-мајор Патрик Рајдер, портпарол на Пентагон, иницијатор на разговорот бил министерот за одбрана Лојд Остин.

-Ова беше прв разговор меѓу шефот на Пентагон и неговиот руски колега од март 2023 година, истакна Рајдер на брифингот за новинарите.

Од Министерството за одбрана на Русија изјавија дека Белоусов го предупредил Остин за опасностите од продолжувањето на испораките на американско оружје на Украина во нејзиниот конфликт со Русија, кој трае веќе 28 месеци.

Во изминатиот викенд Москва повторно ги обвини САД дека Вашингтон наводно е одговорен за украинскиот напад на анектираниот од Русија Кримски полуостров со пет американски ракети, при што загинаа четири лица. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата