Тажната тајна на Лас Вегас: Градот блеска, а во подземните тунели се води борба за живот(ВИДЕО)

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тажната тајна на Лас Вегас: Градот блеска, а во подземните тунели се води борба за живот(ВИДЕО)

Ги нарекуваат „луѓе - кртови“, затоа што граделе засолништа под земја - далеку од луксузот по кој е познат „градот на гревот“.

Авантуристот Дру Бински го обиколи лавиринтот од тунели и разговараше со бездомниците. Некои од нив направиле свои „соби“ од ѓубре, пишува Дејли Стар.

„Тука нема ништо позитивно. Животот во тунелите е страшен. Може да се поплават во секој момент, а кражбата е дел од секојдневието“, изјави Џеј.

Роден во Њу Хемпшир, Џеј изгубил око во престрелка и сега живее под земја.

„Нема заедница во темните, смрдливи тунели. Не можам ни да ти кажам кој живее овде. Сите мои работи се украдени или уништени толку многу пати“, додаде тој.

Во сложениот, мрачен лавиринт, авантуристот Дру Бински го пронашол и Дру, кој раскажал нешто неверојатно.

„Некој донесе два алигатори од Флорида и ги пушти во делумно поплавените тунели во Лас Вегас. Едниот умре набрзо, додека другиот живееше најмалку три години“, тврди Дру.

Повеќето од „кртовите“ преживуваат просејќи по улиците на големите градови. Еден од нив се пофалил дека за еден ден „заработил“ 680 долари.

Направив транспарент со порака: „Жена ми ме остави за многу грд маж, кој има помал п**** од мене“, објасни тој.

Поголемиот дел од парите што подземјето ги троши се на дрога - обично метамфетамин, бидејќи го држи корисникот буден, што ги прави помали шанси да биде ограбен или претепан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата