Татко се паркирал пред секс шоп, а четирите мали деца ги заклучил во прегреаниот автомобил

30.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Татко се паркирал пред секс шоп, а четирите мали деца ги заклучил во прегреаниот автомобил

Децата, на возраст од 2, 3, 4 и 7 години, биле сами, без надзор и без вклучена клима. Термометарот на автомобилот покажал 51 степен Целзиусов. Полицијата брзо реагираше откако се јавил сведок, го скршиле прозорецот и ги извлекле децата од возилото.

Според официјалните извештаи, децата во прегреаниот автомобил биле дехидрирани, испотени, со црвена кожа и опасно висока телесна температура од речиси 40 степени.

Додека полицајците се бореле за здравјето и безбедноста на децата, нивниот татко, 38-годишниот Асенсио Ларго, беше во блискиот секс-шоп што полицијата го опиша како „еротска аркада со заеднички простори за разгледување и приватни сепареи“, објавува Билд.

Кога постојано прашуваа во продавницата чиј е автомобилот, никој не одговорил. Подоцна, откако ја напушти продавницата, Ларго се обидел да негира дека возилото е негово. Полицајците се посомневале дека е под дејство на алкохол и веднаш го уапсиле.

Децата биле итно однесени во болница за понатамошно набљудување. Брзата интервенција на минувачите и полицијата најверојатно им го спасила животот.

Таткото бил изведен на суд, каде што бил прогласен за виновен за сериозно неодговорно однесување. Судијата во образложението на пресудата навел:

„Можевте да излезете од таа продавница и да најдете автомобил полн со мртви деца, тоа е доста шокантно.“

Му е одредена кауција во износ од 5.000 долари (околу 4.300 евра).

На таткото му е забрането да им се приближува на децата, кои моментално се под старателство на нивната мајка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата