Претседателот на Тајван, Лаи Чин-те, вчера го објави новиот план за трошење, кој го опфаќа периодот 2026-2033 година, за да ја нагласи решеноста на островот да се брани од растечката закана од Кина.
Кина, која го смета демократски управуваниот Тајван за своја територија, го засили воениот и политичкиот притисок во последните пет години за да ги потврди своите тврдења, што Тајпеј силно ги отфрла.
Во разговор со новинарите во Тајпеј, Ку рече дека купувањата од САД природно сочинуваат значаен дел од плановите за трошење.
-Веќе ја завршивме прелиминарната координација со САД за планирањето на овој проект за воена набавка, рече тој.
„Тајван официјално ги доби од Министерството за одбрана на САД количините на артиклите, информациите за цените, распоредот на трансакциите и други релевантни детали, што укажува дека САД се подготвени да го обезбедат оружјето“, додаде Ку.
„Но, не можат да се откријат детали пред официјалното известување до Конгресот на САД, рече тајванскиот министер“. Пентагон не одговори веднаш на барањето за коментар.
Додека Тајван се соочува со повици од Вашингтон да троши повеќе за сопствена одбрана, што потсетува на притисокот на САД врз Европа, Лаи во август изјави дека се надева дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ до 2030 година.

