„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

2.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот на Мадуро.

Во декември 2025 година, Трамп се сретнал приватно со Маск во Овалната соба, каде што со часови го испрашувал „Грок“ за својот мандат и политичкото наследство. „Тајм“ ја заснова оваа информација на изјава од официјално лице кое присуствувало на средбата.

Едно од прашањата што Трамп му ги поставил на чет-ботот било како би реагирале Венецуелците доколку САД го уапсат Мадуро. Официјалното лице цитирано од списанието вели дека „Грок“ го опишал Мадуро како „репресивен и крајно непопуларен диктатор“ и проценил дека многумина во Венецуела навистина би можеле да го прослават неговиот пад.

Операција во Каракас

Еден месец подоцна, Трамп наредил операција за апсење на Мадуро. Американските сили го привеле него и неговата сопруга, Силија Флорес, за време на воена операција во Каракас на 3 јануари, а потоа ги префрлиле во Соединетите Држави.

Мадуро бил однесен во Њујорк, каде што се соочува со федерални обвиненија за трговија со дрога – обвинувања што тој ги негира. Кога некои Венецуелци навистина го прославиле апсењето, Трамп – според официјалното лице – заклучил дека „Грок“ е „генијален“.

Извор: Индекс.хр

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата