Тајландскиот премиер се закани дека ќе ја затвори границата со соседна Камбоџа и ќе изгради ѕид на неа

9.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тајландскиот премиер се закани дека ќе ја затвори границата со соседна Камбоџа и ќе изгради ѕид на неа

Во телевизиско обраќање, тој исто така наведе дека сака да формира влада со силно мнозинство и оти во моментов ги очекува конечните резултати од гласањето.

Партијата Бхумџаитаи освои и задржа значително водство од самиот почеток на пребројувањето на гласовите, иако анкетите на јавното мислење и даваа предност на либералната Народна партија, чии лидери, заедно со оние на партијата Пу Таи (Pheu Thai), брзо го признаа поразот. Владејачката партија го прошири своето влијание во јужниот дел и освои места во североисточниот дел, регион со многу гласачи кој речиси две децении беше контролиран од некогаш доминантната партија Пу Таи на семејството милијардери Шинаватра.

Бхумџаитаи освои околу 192 од 500 места во парламентот од речиси 95 отсто од изборните единици, што е значително повеќе од нејзините резултати од 51 и 71 место соодветно на изборите во 2019 и 2023 година.

И покрај целосната победа во главниот град Банкок, Народната партија остана на второто место со 117 места, а Пу Таи го забележа својот најслаб изборен резултат. Овие 192 места му даваат на Анутин доволна преговарачка моќ. Народната партија соопшти дека нема да формира конкурентна коалиција. Освен трите големи партии, повеќе помали партии ќе освојат вкупно 117 места.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата