Тајландската премиерка пријавила имот во вредност од над 400 милиони долари

3.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тајландската премиерка пријавила имот во вредност од над 400 милиони долари

Тајландската премиерка Петонгтарн Шинаватра пријави имот во вредност од над 400 милиони долари, вклучувајќи два имоти во Лондон, инвестиции во неколку компании и колекција луксузни часовници и чанти, објави денеска Тајландската Национална антикорупциска комисија.

Таа, исто така, пријавила 31,6 милиони долари во готовина и депозити на повеќе од дваесетина банкарски сметки, како дел од неговата вкупна актива од речиси 402 милиони долари, пишува Блумберг. Таа во ноември го префрли својот удел од 24 проценти во фирмата за развој на недвижнини на нејзиното семејство.

Се наведува дека Шинаватра инвестирала повеќе од нешто повеќе од 319 милиони долари во различни компании и пријавила приход од повеќе од 7,6 милиони долари минатата година. Имотот на премиерот вклучува и 217 чанти, 108 прстени, 205 пара обетки и девет дизајнерски уметнички играчки, наречени „Bearbricks“.

Декларацијата за имотот покажа дека таа поседува стан во Лондон, на улицата „Монпелје“, кој го изнајмила на 992 години, девет имоти и десетина парцели низ Тајланд, како и парцела во Хокаидо, Јапонија, заедно со нејзиниот сопруг. Пидок Суксавас, сопругот на тајландската премиерка и поранешен комерцијален пилот, пријавил имот во вредност од повеќе од четири милиони долари, кои вклучуваат добивки од тргување со криптовалути.

Тој во моментов е еден од извршните директори на Rende Development Co, дел од бизнисот на семејството Шинаватра, кој вклучува недвижен имот, угостителство и телекомуникации. Петонгтарн, најмладата ќерка на политичарот милијардер Таксин Шинаватра, стана третиот член од семејството Шинаватра што го води Тајланд во август, откако Уставниот суд ја отповика нејзината претходничка Срета Тависин за кршење на етичкиот кодекс.

Семејството Шинаватра е меѓу најбогатите во Тајланд, најмногу поради технолошкиот бизнис кој Таксин Шинаватра го започна во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата