Тајани: Хамас не сака дијалог, мора да работиме на ослободување на заложниците

1.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тајани: Хамас не сака дијалог, мора да работиме на ослободување на заложниците

Откако Хамас вчера уби тројца Израелци во напад во Израел, Тајани рече дека „во овие часови, за жал, се набљудува влошување на ситуацијата меѓу Израел и Хамас“.

„По прекинот на огнот се надевавме дека тој може да биде продолжен, сите инсистиравме дека треба да има уште неколку дена за да се даде можност за помош на цивилите во Газа. Но, јасно е дека Хамас со вчерашниот напад и со лансирањето ракети утринава реши јасно да објави дека нема можност за дијалог,

Сепак, посочи Тајани, сега треба да продолжиме да работиме, бидејќи има знаци дека сè уште може да има дијалог благодарение на Катар.

„Меѓународниот дијалог продолжува, но не е лесен, да се надеваме дека ќе успееме да го решиме прашањето со заложниците, додаде Тајани./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата