СЗО: Згрозени сме од нападот на индонезиската болница во Газа

20.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЗО: Згрозени сме од нападот на индонезиската болница во Газа

Во пост на X, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус рече: „СЗО е згрозена од нападот врз индонезиската болница во #Газа“.

„Здравствените работници и цивилите никогаш не треба да бидат изложени на таков ужас, а особено кога се во болница“, додаде тој.

Израел денеска објави дека одговара на непријателскиот оган насочен кон нивните војници од внатрешноста на болницата и дека „како одговор, трупите на ИДФ директно го гаѓаа конкретниот извор на непријателски оган. Не беа испукани гранати кон болницата“.

Дванаесет лица загинаа откако израелски тенк ја погоди индонезиската болница во северниот дел на Газа, соопштија претходно здравствените власти во појасот кој го контролира Хамас. Меѓу загинатите има пациенти кои биле на лекување во болницата и член на медицински персонал, соопштија здравствените власти, објави Си-Ен-Ен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата