Светот е шокиран од страшната смрт на бремена девојка на познат Јутјубер- осуден е на доживотен затвор

3.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светот е шокиран од страшната смрт на бремена девојка на познат Јутјубер- осуден е на доживотен затвор

Стивен МекКулах (36) е осуден на Кралскиот суд во Белфаст за убиство на Натали Мекнали (32), која беше бремена 15 недели со нивното дете, објави Скај Њуз.

Девојката беше избодена, задавена и удирана за време на нападот во нејзиниот дом во Лурган на 18 декември 2022 година.

Јутјуберот измислил алиби дека емитувал во живо компјутерски игри на својот канал кога Мекнали била убиена.

Но, полициските експерти открија дека шестчасовниот „пренос во живо“ всушност бил снимен четири дена претходно и емитуван во живо ноќта на убиството.

Зборувајќи пред судот откако МекКулах беше прогласен за виновен, братот на Мекнали, Деклан Мекнали, рече:

- Насилството врз жените и девојчињата е срам за нашето општество и мора да направиме сè што можеме за да му ставиме крај.

Гигантот за видео платформи Јутјуб го отстрани профилот на МекКулах откако тој беше осуден за убиството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата