Студентка исчезна на одмор во Доминикана, САД и уште две држави во голема потрага

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Студентка исчезна на одмор во Доминикана, САД и уште две држави во голема потрага

Судикша Конанки последен пат била видена на 6 март во зори на плажата во близина на хотелот. Таа е студентка на Универзитетот во Питсбург.

Според претставници на Цивилната заштита, потрагата по Конанки продолжила во неделата. Исчезнатата студентка била на одмор со неколку пријатели кога последен пат била видена. Властите започнале масовна операција за пребарување на брегот и околните области.

Универзитетот во Питсбург е известен за исчезнувањето на својата студентка и му дава поддршка на нејзиното семејство. Пријателите и семејството се загрижени и се молат за нејзино брзо враќање. Потрагата продолжува со надеж дека ќе биде пронајдена жива.

Таа последен пат била видена на надзорните камери со уште седум лица како влегуваат на плажата во хотелот Рио, во Пунта Кана, нешто по 4:15 часот по локално време. Девојката била пријавена за исчезната откако не се вратила од плажата.

Во потрагата се вклучени власти од Доминиканската Република, Америка и Индија, а кучињата трагачи, дронови и хеликоптери интензивно ја пребаруваат областа.

„Мојата ќерка е многу добро девојче. Таа е амбициозна. Би сакал да продолжи да се занимава со медицина“, изјави таткото Субарајуду Конанки за Си-Ен-Ен.

Инаку, семејството Конанки дошло во САД од Индија во 2006 година и се населиле во Вирџинија.

„Поминаа пет дена и сите сме многу загрижени“, вели семеен пријател кој ја познава девојката од нејзината тригодишна возраст.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата