Медиумите јавуваат дека досега загинале 29 лица, додека најмалку 33.000 се раселени. Тамошните надлежни служби најавија дека поради сезоната на монсуните се очекуваат пообилни врнежи од дожд. Монсуните во Југоисточна Азија се засилија поради глобалното затоплување и научниците предупредуваат на опасност од почести поплави, објави Вечерњи.
А тие поплави со себе носат и некои други проблеми. Така, на југот на Тајланд, во порои од вода е снимена застрашувачка сцена од огромна змија. Не е точно утврдено за каква змија се работи, додека корисниците на социјалните мрежи шпекулираат дека се работи за питон. Некои мислат дека е мртов и дека движењето е предизвикано од повлекување на водата. Освен тоа, со оглед на стомакот на змијата, заклучиле дека таа неодамна изела нешто, веројатно локално куче.