Страшна снимка од моментот кога Тајван го погоди земјотрес од 7,4 степени по Рихтер (ВИДЕО)

3.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Страшна снимка од моментот кога Тајван го погоди земјотрес од 7,4 степени по Рихтер (ВИДЕО)

Првиот земјотрес, со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, најави серија послаби, а властите соопштија дека се урнале речиси 100 згради.

На социјалните мрежи се појавија видеа од земјотресот и штетите што ги предизвика, додека преживеаните сведочеа за ужасот.

Се појави и снимката на сопственикот на куќата во округот Тученг, градот Њу Тајпеј, кој бил со своите миленици кога земјата почнала да се тресе.

Сцената што ја снимила надзорната камера е навистина драматична и застрашувачка.

Мажот во паника посегнал по големиот телевизор за да не падне, додека вознемирените кучиња трчале низ собата, објави Њусфлер со ВИДЕО од драматичните моменти.

Тој подоцна изјави дека членовите на неговото семејство се неповредени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата