Стотици убиени во напади на паравоените сили на РСФ во Судан

18.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стотици убиени во напади на паравоените сили на РСФ во Судан

Суданското Министерство за надворешни работи во соопштение цитирано од египетската државна телевизија Кахера наведува дека паравоена група напаѓала цивили во селата во областа Ал Гитана во последните неколку дена.

Во соопштението се наведува дека бројот на загинати е 433, додека Прелиминарниот комитет на суданскиот синдикат на лекари наведува 300 жртви.

Групата за човекови права која го следи насилството врз цивилите во соопштение утринава посочи дека повеќе од 200 луѓе, меѓу кои жени и деца, се убиени во нападите на РСФ, а стотици други се повредени во изминатите три дена.

Министерот за култура и информации Калид Али Алеисир рече дека неодамнешните напади на РСФ врз селата лоцирани во државата Бел Нил се најновото „систематско насилство врз невооружени цивили“.

Според ОН, во војната во Судан, која започна во април 2023 година, загинаа повеќе од 24.000 луѓе, а раселени се повеќе од 14 милиони или речиси една третина од населението. Се проценува дека 3,2 милиони Суданци побегнале во соседните земји, вклучувајќи ги Чад, Египет и Јужен Судан./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата