Столтенберг: Има согласност Украина да стане членка на НАТО

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Столтенберг: Има согласност Украина да стане членка на НАТО

Првиот човек на Алијансата најави суштински пакет воена помош за Украина, кој содржи пет елементи.

-Првиот е, НАТО командата за Украина да обезбеди безбедносна помош и обука, долгорочно ветување за продолжување на одржувањето на поддршката за Украина, нови објави за итна воена поддршка, вклучително и за противвоздушна одбрана и нови билатерални безбедносни договори меѓу сојузниците и Украина. , изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Кусо по најавата на Столтенберг, стигна и првата конкретна вест од Вашингтон.

-Почестен сум да објавам дека додека ние зборуваме, трансферот на Ф-16 авионите се на пат (кон Украина), доаѓаат од Данска и од Холандија и овие авиони ќе полетаат на небото на Украина летово. , изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД

Авионите Ф-16 се само дел од пактот, кој уште синоќа го најави американскиот претседател Бајден на отворање на собирот, кога објави како што го нарече историска донација, кој вклучува десетици тактички одбранбени системи, вклучително и пет противвоздушни системи „Патриот“. НАТО е помоќен од кога и да е претходно, рече американскиот. Во 13-минутен јасен и енергичен говор, користејќи телепромптер, Бајден совен демонстрацијата на лидерство и одлучност за Украина, недвосмислено се обиде да ги убеди сојузниците и јавноста дека анемичниот настап на дебатата со Трамп пред две недели била само лоша епизода.

-Во Европа продолжува агресивната војна на Путин против Украина. А Путин не сака ништо помалку од целосно потчинување на Украина, да се стави крај на демократијата на Украина, да ја уништи украинската култура и да ја избрише Украина од мапата. Ние знаеме дека Путин нема да застане во Украина. Но, не правете грешка, Украина може и ќе го запре Путин. , изјави Џо Бајден, претседател на САД

Најавениот пакет помош за украинскиот претседател Зеленски е добредојден, но не и доволен, зашто како што забележа, покрај дефанзивно, на земјата и е потребно и офанзивно оружје. Рече сите ги чекаат американските избори на есен, но Украина нема време за чекање.

-Време е да излезете од сенките, да донесете силни одлуки, да дејствувате и да не го чекате ноември или кој било друг месец. За таа цел, ние мора да бидеме силни и бескомпромисни во целост. , Володимир Зеленски, претседател на Украина

На собирот, екс холандскиот премиер Руте треба да ја преземе функцијата од актуелниот генерален секретар Столтенберг.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата