Столтенберг даде дозвола: Украинците ќе смеат со авионите Ф-16 да ја гаѓаат Русија

23.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Столтенберг даде дозвола: Украинците ќе смеат со авионите Ф-16 да ја гаѓаат Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Радио Слобода изјави дека кога Украина ќе добие борбени авиони Ф-16 од своите сојузници, ќе има право на самоодбрана, вклучително и можност за напад на легитимни воени цели надвор од територијата на Украина, објави Киевпост.

На прашањето кога Украина ќе може да добие борбени авиони Ф-16, Столтенберг рече дека не може да каже конкретен датум. Тој повтори дека сите сојузници на Украина ги сакаат воените авиони таму што е можно поскоро, но напомена дека ефектот од користењето на Ф-16 ќе биде посилен доколку пилотите се добро обучени, а екипите за одржување и другиот персонал за поддршка се добро подготвени.

„Значи, мислам дека треба да ги слушаме воените експерти за да знаеме кога сојузниците ќе бидат подготвени да почнат да испраќаат и испорачуваат Ф-16. Колку побрзо, толку подобро“, истакна тој.

Тој истакна дека секоја членка на воената алијанса има право да одлучи дали ќе ѝ испорача авиони Ф-16 на Украина.

Тој потсети дека сојузниците имаат различна политика. Рече дека Украина е изложена на агресија и дека има право на самоодбрана, што вклучува напад на легитимни воени цели лоцирани на руска територија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата