Како што јави Анадолија повикувајќи се на објава на турското Министерство за надворешни работи на X, состанокот се одржал во период на засилени напори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина.
Умеров, кој е и главен преговарач на Украина во мировните преговори кои се водат со посредство на САД, на Х информира дека се разговарало за безбедносната состојба, текот на преговарачките процеси и координацијата на понатамошните чекори.
- Како и секогаш, посебно внимание беше посветено на хуманитарната програма и прашањето за враќање на нашите луѓе. Турција е важен партнер на Украина и една од клучните платформи за дијалог. Продолжуваме со нашата работа во тесна соработка, напиша Умеров и додаде дека по состанокот, го информирал претседателот на Украина за резултатите.

