Стотици возила украсени со светилки и ротирачки светла- вклучувајќи камиони, џипови и амбулантни возила, кружеа околу Детската болница во Детроит, за да можат младите пациенти да го видат светлосниот спектакл директно од прозорците.
Специјален гостин - Дедо Мраз
Овој настан се одржува секоја година со цел да им донесе радост и утеха на децата кои ги поминуваат божиќните празници во болницата, далеку од своите семејства.
Специјален гостин на вечерта беше Дедо Мраз, кој додаде дополнителна празнична атмосфера кај децата и им врати насмевки на лицата, објавува „Метро Детроит њуз“.

