На удар била луксузната продавница „Луј Витон“, а целата акција била изведена за четири минути.
Грабежот бил откриен околу 06:30 часот, а полицијата била повикана на местото на настанот, пренесува L'Independant.
Се испоставило дека, два часа претходно, криминалците влегле во продавницата со автомобил, а потоа наполниле повеќе од 100 брендирани предмети во багажникот.
Le magasin #LouisVuitton de Saint Germain des Près s'est fait défoncer sa grille cette nuit et voler tout le magasin pic.twitter.com/3M3gs3M6pg
— phobo74 (@phobo74) September 30, 2024
По истрагата, полицијата ги прегледала и снимките од надзорните камери во потрага по какви било траги.
Истрагата е доверена на специјална единица која соработува со правосудството.