Спасени четири лица од превртен чамец кај Флорида

14.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спасени четири лица од превртен чамец кај Флорида

Американските медиуми пренесуваат дека Крајбрежната стража спасила четири лица од водата, на околу 74 километри северно од Вест Палм Бич.

Еден од спасените изјавил дека чамецот се превртел уште во петокот.

Официјални лица од противпожарната служба на округот Мартин за медиумите изјавија дека три од четирите спасени лица од водата се здобиле со повреди кои не се опасни по живот./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата