Спасени 300 лица во Мавританија

21.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спасени 300 лица во Мавританија

Тие беа пронајдени ноќта помеѓу среда и четврток и се вели дека се во сериозна состојба, пренесува „Euronews“.

Нивниот дрвен чамец тргнал од Гамбија и превезувал 315 лица, 191 од Сенегал, 123 од Гамбија и едно од Мали, се додава во соопштението.

„Меѓу овие луѓе има мажи, жени и малолетници, вклучувајќи бебиња, кои се во тешка хуманитарна ситуација“, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека тие биле спасени во близина на рибарското пристаниште Нуадибу, економскиот главен град на земјата.

Во последните месеци, стотици мигранти, главно од Сенегал, Гамбија и Мали, беа спасени во мавританските води додека се обидуваа да стигнат до Европа, но стотици загинаа или исчезнаа откако нивните чамци потонаа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата