ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Снимени ПОСЛЕДНИТЕ 5 минути од животот на убавата банкарка КРИСТИНА: Забавата се претворила во трагедија

30.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снимени ПОСЛЕДНИТЕ 5 минути од животот на убавата банкарка КРИСТИНА: Забавата се претворила во трагедија

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледаат последните пет минути од животот на трагично настраданата руска банкарка Кристина Бајкова (28)!

Москва се уште е во шок откако талентираната потпретседателка на Локо банка беше пронајдена мртва на тротоарот пред нејзината зграда во Москва. Трагедијата се случила на 23 јуни, но деталите дури сега станаа познати и предизвикаа широк одзив во јавноста.

Полицијата започнала истрага која покажала дека Кристина кобната ноќ организирала забава за своето друштво во нејзиниот стан. Меѓу гостите било и нејзиното момче Андреј (34) со кој наводно почнала да излегува пред само неколку недели. По некое време гостите решиле да одат во ноќниот клуб, оставајќи ги сами Кристина и Андреј.

 

Меѓутоа, според локалните медиуми, девојката одеднаш почнала хистерично да плаче, по што наводно се фрлила пред нозете на Андреј мрморејќи нешто неразбирливо. Таа потоа преку балконот излегла на симсот каде седела држејќи се за работ на ѕидот.

Kristina Bajkova

Болната ситуација траела околу 15 минути, при што вознемирениот Андреј се обидувал да ја убеди да се врати во станот.

– Дојди душо! Ветувам дека ќе бидеме добро – се слуша како вели.

Младиот човек повторува дека ја сака и и ветува брак и деца.

 

 

 

– Дај ми ја раката – ја моли девојката.

Кристина плаче и му вели дека е кретен и дека не е достоен за неа.

Младиот човек во еден момент влегол во другата соба за да го отвори тамошниот прозорец и да се обиде да ја фати девојката, но додека се приближил слушнал страшен крик и звук на удар…

Кристина починала на лице место.

Истрагата открила дека таа земала хормонални лекови кои можеле да влијаат на нејзината емоционална состојба. Инспекторите во моментов се обидуваат да утврдат од каде ја набавувала дрогата.

Под сомнение е и Андреј, кој 15 минути го снимал тоа што се случува, но поради некоја причина не повикал брза помош. Се поставуваат прашања за неговата улога во оваа трагедија и зошто не направил нешто за да и помогне на Кристина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата