Снежна бура во Њујорк и Њу Џерси, откажани 1.659 летови

27.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снежна бура во Њујорк и Њу Џерси, откажани 1.659 летови

Според FlightAware, кој го следи воздушниот сообраќај во американскиот воздушен простор, во земјата се откажани 1.659 летови - речиси десет пати повеќе од претходниот ден. Предупредувањето за зимска бура останува на сила за регионот, а на некои места има прогноза и за замрзнат дожд.

Националната метеоролошка служба на САД предвидува до 13 сантиметри снег во Њујорк и до 28 сантиметри во областите северно и североисточно од градот.

Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат патувања и да останат дома доколку е можно.

Според медиумските извештаи, бурата би можела да ги донесе најголемите снежни наноси во градот во последните три години. Летовите се откажани и на аеродромите во Филаделфија и Балтимор, како и во Торонто, најголемиот деловен центар во Канада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата