Според Ројтерс, австриската група за заштита на приватноста „noyb“ во четвртокот поднесе жалби за заштита на податоците против кинеските компании „AliExpress“, „TikTok“ и „WeChat“, тврдејќи дека не ги почитуваат законите на Европската Унија за обезбедување целосна копија од податоците на корисниците.
Иако повеќето технолошки компании имаат алатка која овозможува преземање на личните податоци, некои кинески компании отежнуваат пристап до тие информации, соопшти „noyb“.
„„TikTok“, „AliExpress“ и „WeChat“ обожаваат да собираат што е можно повеќе податоци за вас – но жестоко одбиваат да ви дадат целосен пристап, како што е пропишано со законите на ЕУ“, изјави Клеанти Сардели, адвокатка за заштита на податоци во noyb.
„Noyb“ е позната по тоа што поднесува жалби против американски компании како „Apple“, „Alphabet“ и „Meta“, што доведе до неколку истраги и милијардски казни.
Во јануари, noyb поднесе жалби против шест кинески компании и побара суспензија на трансферот на податоци кон Кина, како и изрекување казни кои може да достигнат до 4% од глобалниот приход на компаниите.