Триг Кисер, кој имал три години, бил пронајден во базенот на 12 мај и итно бил пренесен во болница во критична состојба. Но, тој им подлегнал на повредите шест дена подоцна, потврди полицијата во Чендлер, Аризона за CBS филијалата KPHO-TV.
Телото на Триг било пронајдено откако полицијата реагирала на повик за давење на нивниот имот. Полицајци и пожарникари веднаш стигнале на местото и му давале CPR.
Бил пренесен со хеликоптер во детската болница во Феникс, но починал. Полицијата вели дека истрагата сè уште е отворена. Триг почина само неколку недели откако Емили го доби своето второ дете со сопругот Брејди.
Инфлуенсерката го роди малиот Теодор и неговото доаѓање го објави на социјалните мрежи на 29 март. Таа сподели слика на која таа и Брејди го држат новороденчето во прегратка.
„Те сакаме толку многу и срцата ни се чувствуваат како да ќе пукнат,“ напиша таа.
„Бескрајно сум благодарна за лесно породување, здраво бебе и најдобриот сопруг.“
Го опиша Брејди како нејзин „столб“ и додаде: „Љубовта што ја чувствувам за моите момчиња е бесконечна.“Триг наполни три години во јули 2024 година и Емили му оддаде чест со трогателна објава.
„Имаме толку среќа што го имаме нашиот Триг,“ напиша таа во описот.
„Среќен роденден на нашето омилено момче на целиот свет, не можеме да дочекаме да ја започнеме третата година.“
Таа сподели слика од малото дете како се смее и држи нова колекција Hot Wheels колички. Емили и Брејди поставиле балони со натпис „Happy Birthday“. Емили има три милиони следбеници на „TikTok“ и 1,2 милиони на Инстаграм. Во последниве денови беше тивка на социјалните мрежи.
Последен пат објави пред шест дена, со наслов на серија фотографии: „Обожавам добра серија слики и добар ден за фризура.“ Сподели и емотивна фотографија од Брејди и нивните две деца како лежат во кревет, пренесува „Сан“.
Емили сè уште не се огласила за смртта на Триг.

