Силва: Светот нема потреба од император

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силва: Светот нема потреба од император

Силва посочи дека БРИКС е „група држави, која бара поинаков начин за организирање на светот на економски план“.

- Според мене затоа некои се чувствуваат неудобно, наведе Силва.

Трамп во февруари првпат се закани со царини од 100 проценти за земјите на БРИКС ако се обидат да ја поткопаат улогата на американскиот долар во светската трговија.

Силва повтори дека светската трговија има потреба од алтернатива на доларот.

- Очигледно, мора да бидеме одговорни и да го правиме тоа внимателно. Нашите централни банки мора да разговараат за тоа со централните банки на другите земји. Тоа е постепен процес, посочи Силва.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата