„Како последица од овие пожари загинаа 20 лица, 19 од нив во регионот Биобио и едно во Нубле“, рече Елизалде на прес-конференција, додавајќи дека досега се идентификувани само шест од жртвите.
Министерот рече дека се гаснат 31 пожар и дека е воведена црвена тревога во централните региони Биобио, Нубле и Арауканија.
Министерот рече дека повеќе од 34.000 хектари се погодени од пожарите, а Биобио е најтешко погоден со повеќе од 27.000 хектари уништени.
Чилеанскиот претседател Габриел Борик прогласи состојба на катастрофа поради пожарите, кои принудија повеќе од 20.000 луѓе да се евакуираат.
Во текот на летото на јужната хемисфера, Чиле постојано е погодуван од сериозни шумски пожари. Минатата година, над 100 луѓе ги загубија животите, а околу 15.000 куќи беа уништени или оштетени.

