Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

6.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

Епицентарот на првиот земјотрес бил во источната префектура Шимане, објави агенцијата, додавајќи дека нема опасност од цунами.

„Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, оддалечена околу 32 километри, соопшти дека работењето на нејзината единица број 2 продолжува нормално.

Јапонската агенција за регулирање на нуклеарната енергија објави дека немало неправилности по земјотресот.

Вториот блок на централата беше рестартиран во декември 2024 година, првпат откако сите јапонски нуклеарни централи беа затворени по катастрофата во Фукушима во март 2011 година.

Земјотресот имаше сеизмички интензитет од горен 5 на јапонската скала од 1 до 7, доволно силен за да го отежни движењето без поддршка.

Железничкиот превозник „Вест Јапан Рејлеј“ објави дека по земјотресот, сообраќајот на брзите возови е прекинат на погодените делови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата