Си-Ен-Ен: ЦИА планира да ги вооружи Курдите за поттикнување востание во Иран

4.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Си-Ен-Ен: ЦИА планира да ги вооружи Курдите за поттикнување востание во Иран

Според истите извори, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е во активни разговори со иранските опозициски групи и курдските лидери во Ирак за обезбедување воена поддршка.

Иранска курдска вооружена група вклучува илјадници борци распоредени по ирачко-иранската граница, особено во ирачкиот регион Курдистан. Неколку од овие групи објавија извештаи од почетокот на војната, во кои алудираат на непосредна акција и ги покануваат иранските воени сили да дезертираат.

Иранската револуционерна гарда (ИРГК) започна напади врз курдските групи и вчера објави дека ги погодила нивните позиции со десет беспилотни летала.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговараше со Мустаф Хиџри, претседател на Демократската партија на иранскиот Курдистан – КДПИ (KDPI), за Си-Ен-Ен потврди висок иранско-курдски функционер. КДПИ е меѓу групите што ги гаѓа ИРГК.

Според истиот извор, опозициските сили на иранските Курди планираат да учествуваат во копнена операција во западен Иран во наредните денови.

„Веруваме дека сега имаме одлична можност“, рече изворот, додавајќи дека милициите очекуваат поддршка од САД и Израел.

Ројтерс не може независно да го потврди обемот на вмешаност на ЦИА во планирањето на операцијата, дали таа обезбедила оружје или дали некои американски сили планирале да влезат во Иран со курдските групи.

ЦИА одбива да коментира. Белата куќа и Пентагон засега не одговараат  на барањето за коментар, а засега молчи и Курдската регионална влада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата