Швајцарска политичарка со косовско потекло, ја изрешета сликата на Богородица и Исус- објавена е казната

21.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Швајцарска политичарка со косовско потекло, ја изрешета сликата на Богородица и Исус- објавена е казната

Обвинителството бара казни од 10.000 и 2.500 франци, како и 1.500 франци за судски трошоци (вкупно околу 15.000 евра). Во обвинението се наведува дека политичарката, по потекло од Босна и Херцеговина, „јавно и на навредлив начин ги навредувала или исмејувала верувањата на другите во религиозни прашања, особено верата во Бога“.

Да ве потсетиме дека минатиот септември, Амети (33) објави фотографија на Инстаграм на која пука во Богородица со бебето Исус во раце во подрумот на нејзината куќа. На фотографијата одблизу на изрешетаната слика се гледаат околу дваесет дупки од куршуми. Амети брзо ги избриша фотографиите од социјалните мрежи и побара прошка.

„Тоа беше апсолутно глупаво од мене, многу ми е жал“

Нејзиното објаснување на Инстаграм гласеше: „За пукање од 10 метри, ми требаа субјекти што беа доволно видливи. Имав само каталогот на Колер при рака, кој беше доволно голем. Не обрнав внимание на содржината на сликите. Не беше во ред. Навистина ми е жал ако повредив некого!“

„Тоа беше апсолутно глупаво од моја страна. Не размислував за тоа. Многу ми е жал. Барам прошка од луѓето што ги повредив“, рече таа во интервју за Блик.

Швајцарските медиуми пишуваа дека Амети е родена во денешна Босна и Херцеговина и дека дошла во Швајцарија со своите родители како бегалец во 1995 година. Некои ги споменуваат и нејзините врски со Косово. Амети се декларира како муслиманка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата