Шумски пожари беснеат во Измир, Мугла и Анталија (ВИДЕО)

7.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шумски пожари беснеат во Измир, Мугла и Анталија (ВИДЕО)

Според информациите на весникот „Милиет“, пожар избувнал во шума во близина на селото Ментеше, во областа Мугла. Поради силниот ветер, огнот брзо се проширил и се движи кон населено место блиску до шумата. Екипи за гаснење на пожарот се испратени на местото, а дејствуваат и од воздух и од земја за да ја стават под контрола огнената стихија.

Засега причината за пожарот не е позната. По добивањето на сигнал, екипи од регионалната дирекција за шуми во Мугла веднаш реагирале и започнале истрага.

Во исто време, голем шумски пожар избувнал во околината на селото Менемен, во областа Измир. За гаснење на пожарот, од регионалната дирекција за шуми во Измир се испратени три авиони и три хеликоптери, 15 булдожери, водни цистерни и пожарникарски екипи.

Во двата региони се продолжува со акции од воздух и земја за гаснење на пожарите, објавува „Милиет“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата