Шолц бара мировна конференција во Украина, на која ќе учествува и Русија

8.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шолц бара мировна конференција во Украина, на која ќе учествува и Русија

„Верувам дека сега е време да разговараме како да се извлече мирот од оваа воена состојба и со побрзо темпо“, изјави Шолц за телевизијата ЗДФ.

Шолц е под голем притисок дома, откако сите три партии во неговата левичарска коалиција претрпеа тешки порази на покраинските избори пред една недела, додека партиите кои се залагаат за подобри односи со Москва освоија повеќе гласови.

Националистичката Алтернатива за Германија (АфД) и новата антиестаблишмент партија БСВ, која се противи на воената поддршка за Украина во војната против Русија, забележаа рекордна поддршка од гласачите.

Во јули, Зеленски рече дека се обидува да излезе со план до ноември што ќе му овозможи на Киев да одржи втор меѓународен мировен самит во Украина, на кој треба да учествуваат и претставници на Русија.

Во јули во Швајцарија се одржа првиот ваков самит со делегации од 92 земји, но без Русија. Русија го отфрли нацртот на Зеленски за мировниот договор од тој самит и рече дека тој не може да биде почетна точка за какви било мировни преговори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата