Пукањето се случило кратко пред 17:20 часот на улицата Лондон Роуд, во најпрометното време во центарот на градот, пишува Скај њуз.
Младото момче итно било префрлено во болница, каде што неговиот живот е сè уште во опасност.
Полицијата во Јужен Јоркшир потврди дека 15-годишник е приведен додека детективите работат на утврдување на околностите што довеле до нападот.
„Злосторствата со оружје и насилството немаат место во Јужен Јоркшир и фактот дека млад човек се бори за својот живот е ужасен и нема да се толерира“, рече началникот на Шефилд, Мартин Симкок.

