Шефчович утре во Вашингтон на трговски преговори со САД

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шефчович утре во Вашингтон на трговски преговори со САД

- Фокусирани сме на постигнување позитивен резултат, изјави Шефчович, нагласувајќи дека неговиот технички тим веќе е во САД и дека тој ќе се приклучи утре. Се очекуваат средби со американскиот трговски претставник Џејмисон Гриер и со министерот за трговија Хауард Латник, најверојатно в среда или четврток.

Шефчович изјави дека веќе имал интензивни разговори со администрацијата на претседателот Доналд Трамп, со цел да се избегне воведување нови царини.

САД претходно најавија одложување на најавените царини од 50% до 9 јули, давајќи простор за постигнување договор. Вашингтон ја обвинува ЕУ за трговски дефицит од неколку стотици милијарди долари, додека според Брисел, реалната бројка е околу 50 милијарди доколку се вклучат и услугите.

Преговорите имаат за цел постигнување договор до 9 јули, а Шефчович изјави дека двете страни се целосно ангажирани. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата