Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун посети воен погон за производство на модерни тенкови

4.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун посети воен погон за производство на модерни тенкови

Севернокорејската државна медиумска агенција КЦНА соопшти дека за време на обиколката на фабриката, Ким ја нагласил потребата од модернизација на армијата со најсовремени оклопни борбени возила. 

Ким бил информиран за состојбата на производството, модернизацијата и напредокот во спроведувањето на истражувачките задачи поврзани со клучната воена технологија, наведува агенцијата, без да ја открие локацијата на фабриката или датумот на посетата на севернокорејскиот лидер.

„Заменувањето на оклопното оружје од минатиот век во нашата армија со најновите тенкови и оклопни возила е најважното прашање во градењето на вооружените сили и модернизацијата на нашата армија“, порача Ким за време на обиколката на воениот погон за производство, пренесува агенцијата Јонхап. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата