Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета со цврсто гориво

3.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета со цврсто гориво

Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета со среден дострел со тестирање на ракета со цврсто гориво, што предизвика брза осуда од официјален Сеул, Јапонија и САД.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше лансирањето на ракетата и го пофали стратешкото оружје, велејќи дека тоа ја демонстрира „апсолутна супериорност“ на севернокорејската одбранбена технологија, пишува севернокорејскиот весник „Родонг Синмун“.

Според весникот, претседателот Ким кажа дека Северна Кореја „целосно ги активирала сите тактички, оперативни и стратешки способности на ракети со цврсто гориво со различен дострел, способни да носат нуклеарни боеви глави“. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата