Северна Кореја ги лансираше ракетите кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи го Генералштабот во Сеул (ЈЦС).
- Во подготовка против дополнителни лансирања, нашата војска го зајакна нашето следење и внимателност, додека тесно споделуваше информации за севернокорејската ракета со американската и јапонската страна и одржувајќи целосна подготвеност, соопшти ЈЦС.
Ракетите летале околу 250 километри пред да паднат во морето, се додава. ЈЦС првично не го прецизираше бројот на лансирани проектили.
Лансирањето доаѓа една недела откако Северна Кореја лансираше, како што соопшти, „нов тип хиперсонична балистичка ракета со среден дострел“.
На Северна Кореја и е забрането со резолуции на ОН да лансира и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Тоа се обично ракети земја-земја кои можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава.
Пјонгјанг значително ги прошири своите ракетни тестови во текот на изминатите две години, истовремено заострувајќи ја својата реторика против САД и Јужна Кореја. Ја зајакна и воената соработка со Русија, потсетува ДПА.