Од средината на јануари „нема знаци“ за севернокорејско воено присуство во борбите во Курск, пренесе Јонхап.
Претходно, украинските и американските медиуми, вклучително и Њујорк тајмс, известија за повлекувањето на севернокорејските војници, потсетува ДПА.
Во извештајот на НИС се наведува дека една од причините за повлекувањето веројатно се масовните загуби на војници од Пјонгјанг, но истрагата за целосната слика сè уште е во тек.
Според проценките на НИС, околу 300 севернокорејски војници загинале, а дополнителни 2.700 биле ранети во борбите околу Курск.
Северна Кореја ѝ испратила на Русија околу 12.000 војници за борби против Украина од крајот на минатата година. Од тогаш, НИС соработува интензивно со украинските разузнавачки служби. /МИА