Семејна прошетка во прак во Германија се претвори во ужас-гром удрил во дрво, две деца критично

22.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Семејна прошетка во прак во Германија се претвори во ужас-гром удрил во дрво, две деца критично

Инцидентот се случил вчера околу 16:15 часот. Гром удрил во паркот Графт при силно невреме, а наводно седум лица се повредени, пренесува Билд.

Според медиумите, група возрасни и деца, меѓу кои и едно семејство, уживале во паркот кога времето се променило. Тие нашле засолниште под едно дрво кога гром удрил во близина.

„Само седевме да јадеме кога одеднаш се слушна неверојатен тресок. Беше како бомба да експлодира“, рекол маж кој бил со своето семејство во кампер во близина.

Кога службите за брза помош пристигнале на местото на настанот неколку моменти подоцна, пронашле неколку повредени деца. Момче (5) и девојче (14) се реанимирани и префрлени во болница со повреди опасни по живот.

Поради повреди во болница се пренесени и мајка (38), сопругот (40), две ќерки (2 и 9), син (12) и братучетка (31).

Два хеликоптери ги префрлиле тешко повредените во болница.

Громот удрил во дрво и му ја олупил кората, пренесува Билд.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата