Седумгодишниот син му го киднапираат, а таткото наместо да го спасува- бега и се крие (ВИДЕО)

18.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Седумгодишниот син му го киднапираат, а таткото наместо да го спасува- бега и се крие (ВИДЕО)

Малиот Џамал Вајт возел велосипед во близина на својот дом во Милвоки кога бел џип застанал на влезот, објавува „Њујорк пост“.

Двајца луѓе излегле од возилото и го зграпчиле момчето, додека неговиот татко, Џамал постариот, избегал во куќата, потоа се вратил во дворот и го треснал багажникот на автомобилот.

„Да, секако дека избегав“, напишал подоцна на Фејсбук, соочувајќи се со критики затоа што не му помогнал на својот седумгодишен син.

„Избегав затоа што мислев дека се обидуваат да ме ограбат, а не да ми го земат проклетото дете“, напишал тој.

Џамал бил киднапиран во петок во 19 часот, но „Амбер алерт“ бил издаден дури пет часа подоцна.

Момчето било пронајдено речиси 24 часа подоцна во куќа на околу десет километри од местото каде што било киднапирано, откако неговиот чичко наводно застрелал две лица за време на претресот.

„Полека, двајцата сме живи, а моето дете се обиде да избега, исто како што го научив“, рече таткото, додавајќи дека треба да биде пофален, а не критикуван, за тоа што го преживеал киднапирањето.

„Бог нè штитеше цело време, очигледно успеав да го заштитам моето дете!“

Сепак, многу коментатори не се согласија.

„Твојот син треба да те претепа кога ќе порасне и ќе открие што си направил, пријателе“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

„Човече, влегол во куќата и ја треснал вратата“, напиша друг.

„Дали барем трчаше по колата?“, праша трет.

На крајот, биле уапсени три лица, вклучувајќи го и 27-годишниот чичко на момчето, кој наводно отворил оган врз човекот и неговиот син за време на претресот.

Тој пукал во нивниот автомобил додека минувале, а куршумот погодил дрво и напуштена куќа.

Сега се соочува со обвиненија за загрозување на безбедноста со опасно оружје или уред.

Покрај него, уапсени се уште две лица - 14-годишник и 38-годишник кои се обиделе да го извршат киднапирањето. Вториот ја повикал мајката на Џамал и побарал 100.000 долари и накит во замена за момчето. Тие требало да се сретнат во блискиот парк.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата