Се зголемува бројот на загинаа во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија

29.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се зголемува бројот на загинаа во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија

Според Премиерот Санае Такаичи, во земјотресот досега загинале 13 лица , тој воедно истакна дека спасувачите се во „трка со времето“.

Спасувачките напори се во тек во трговски центар каде што многу луѓе се заробени. Се урнаа најмалку 18 куќи во градот Хикава и има жители кои сè уште се заробени во две од овие куќи.

Јавниот радиодифузен сервис, исто така, објави дека пожарникарите и војската  спроведуваат спасувачки операции и ги расчистуваат оштетените згради.

Земјотресот, кој според Геолошкиот завод на САД е проценет на 6,8 степени по рихтер, го погоди островот кјушу во во вторникот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата