„Сакаме да им донесеме одговори на семејствата и да обезбедиме правда за жртвите“, изјави генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток, пренесе Ројтерс.
Операцијата наречена „Идентификувајте ме“ ја прошири истрагата надвор од Белгија, Холандија и Германија до Франција, Италија и Шпанија.
Во првата фаза од истрагата требало да се разјаснат имињата и судбината на околу 22 жени чии тела биле пронајдени низ годините.
Благодарение на информациите од јавноста, идентификувани се посмртните останки на Британката Рита Робертс, 31 година, откако нејзиното тело било пронајдено во Белгија.
Шток истакна дека помошта од јавноста е клучна.
„Не можеме сами“, рече тој.